Menu Close

Воздухопловен кадар

ИНСТРУКТОРИ ПО ЛЕТАЊЕ И МОДЕЛАРСТВО

Овде може да се запознаете и со стручните лица од нашата воздухопловна школа кои се грижат обуките за  пилоти на авион и пилоти на едрилица да се одвиваат беспрекорно. Се работи за искусни пилоти со повеќегодишно  искуство во областа на воздухопловството и обуката на млади воздухопловни кадри.

Митко Петешев

Поседува дозвола за професионален пилот на авион (CPL-A) и овластување за  инструктор за пилоти на авион (PPL-A). Повремено се наоѓа и на листата на стручнаци на АЦВ како испитувач (FE).

Раде Ивановски

Поседува дозвола за сообраќаен пилот на авион (ATPL-A) и овластување за  инструктор за пилоти на авион (PPL-A). Поседува и дозвола за пилот на  едрилица, со овластување инструктор по едриличарство. Повремено се наоѓа и на листата на стручнаци на АЦВ како испитувач (FE).

Метотка Стојанов

Поседува дозвола за професионален пилот на авион (CPL-A) и дозвола за пилот на едрилица, со овластување за инструктор по едриличарство.

Благој Кангалов

Поседува дозвола за професионален пилот на авион (CPL-A) и дозвола за пилот на едрилица Врши теоретска настава по: Аеродинамика, Метеорологија и Навигација Повремено се наоѓа и на листата на стручнаци на АЦВ.

Станиша Петровиќ

Инструктор и контролор-механичар по AMS. Исто така инструктор по моделарство и селектор на Македонската национална репрезентација во ракетно моделарство.