Menu Close

Флота

Во прилог може да ги разгледате авионите и едрилиците од флотата на аеро клуб „ШТИП“-Штип кои се користат за обука и тренажа на пилоти во нашата воздухопловна школа.

АВИОНИ

Z3-DCF

Утва-75

Авион Утва-75 , двосед, произведен 1981 година, наменет за обука на моторни пилоти, како и за влечење на едрилици, транспаренти и фрлање на летоци. Произведен е во поранешна Југославија и притоа бил користен како авион наменет за обука на војните пилоти на ЈНА. Особено популарен е на Балканските простори, каде што и ден денес може да се сретне во голем број. Спецификации: Тип на мотор: IO-360-B1F; Сила на мотор: 180 КС; Крстаречка брзина: 175 км/ч; Максимален долет: 800 км.

Z3-DAB

Цесна 172Н

Авион Cessna 172N . четворосед, произведен 1979 година, наменет за обука на моторни пилоти, како и за панорамски летови, фрлање на летоци и рекламни материјали. Овој тип на авион претставува најупотребуваниот авион за обука на моторни пилоти и притоа е најпопупарниот авион во светот. Спецификации: Тип на мотор: 0-320-H2AD; Сила на мотор: 160 КС; Крстаречка брзина: 200 км/ч; Максимален долет: 900 км.

ЕДРИЛИЦИ

Z3-5007

Бергфалке 3

Едрилица Бергфалке 3, двосед, наменета за основна обука на едриличари тренажа на едриличари, како и за панорамски летови. Спецификации: Распон на крила: 16,6 м; Макс.финеса (L/D): 1:28; Максимална брзина: 160 км/ч.

Z3-5005

Супер Бланик Л-23

Едрилица Супер Бланик Л-23, двосед, наменета за обука на едриличари, тренажа на пилоти на едрилица како и за изведување на основни акробации. Спецификации: Распон на крила: 16,2 м; Макс.финеса (L/D): 1:28; Максимална брзина: 250 км/ч.

Z3-4012 и Z3-4013

Вук-Т

Високоспособна едрилица Вук-Т, едносед, наменета за тренажа на едриличари, изработена од композитни материјали. Спецификации: Распон на крила: 15м; Макс.финеса (L/D): 1:37; Максимална брзина: 240 км/ч.

Z3-4014

Цирус 75

Високоспособна едрилица Цирус 75,едносед, наменета за тренажа на   едриличари и напредно едрење, изработена од композитни материјали. Спецификации: Распон на крила: 15м; Макс.финеса (L/D): 1:38; Максимална брзина: 220 км/ч.